Следува силен ветер (над 60 км/час), многу топло и спарно време!
Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, денес и утре (четврток и петок 21/22 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно сончево, многу топло, мачно и спарно со повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите на воздухот насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели тие ќе надминат и 35 степени.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно сончево, могу топло, мачно и спарно со повремено засилен ветер претежно од југозападен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Температурата во Скопскиот регион исто така ќе надминува 35 степени.
Сепак утре (петок 22 август) локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Да напоменам дека поради изразеното јужно и југозападно воздушно струње од Сахара кон нашата Република Македонија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што атмосферата ќе биде заматена.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа најмногу врнежи имаше во Крушево каде до 7 часот утрово наврнаа 25 литри на метар квадратен воден талог. Исто така утрово особено во западните предели врне дожд на пониските места (градовите) а на планинските места врнежите се од снег каде снежната покривка се зголемува. Во следните часови како што најавив снежната граница полека ќе се [...]


by