Ладно утро во Македонија: Во западна Македонија врне дожд, на планините снег

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи имаше во Крушево каде до 7 часот утрово наврнаа 25 литри на метар квадратен воден талог. Исто така утрово особено во западните предели врне дожд на пониските места (градовите) а на планинските места врнежите се од снег каде снежната покривка се зголемува. Во следните часови како што најавив снежната граница полека ќе се спушта.

Утрово имаме релативно ладно време во Македонија па така на повеќе места температурите беа околу или за неколку степени под нулата.

На табелата можете да ги видите денешните минимални температури измерени по градови и места во Македонија до 7 часот утрово како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа исто така до 7 часот утрово и тоа на мерните станици на УХМР.







Занимливости

  • 21 Мај 2026

    Во следните денови продолжува периодот на топло и променливо време со сончеви периоди и постепен пораст на температурите. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност проследена со краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. ⛈️ Најголема можност за нестабилно време ќе има за време на викендот и почетокот на новата седмица, кога локално се можни поројни [...]