Нови обилни врнежи од дожд и снег во Македонија, постои нов ризик од поплави
Во следните 24 часа до 10 Јануари 2026 година (Сабота) во вечерните часови во Македонија очекувам да падне ново големо количество на воден талог, најмногу во западна Македонија локално над 60 литри на метар квадратен воден талог. Обилните врнежи ќе бидат од дожд и од снег во пониските предели (Градовите) и само од снег во повисоките населени места и на планините каде снежната покривка постојано ќе се зголемува и таму очекувам над 30/40 сантиметри нов снег.
Поради продор на многу ладен воздух од север проследен со засилен северен ветер денот 10 Јануари 2026 година (Сабота) попладнето, вечерта и ноќта кон недела 11 Јануари 2026 ќе услови да имаме врнежи од снег насекаде во Македонија. Во западните предели (Градовите) ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри а во останатите предели снежната покривка ќе биде помала.
Поради обилните врнежи од дожд и од снег во Македонија повторно во следните 24 часа постои нов ризик од излевање на реките кај нас и нови поплави. Апелирам возачите да бидат внимателни и да не се движат покрај водотеците.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според од она што можам да го кажам во јавноста е тоа дека прогностичките модели упорно ни цртаат нагла и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија. Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север и формирање на снежен бран над Македонија кој [...]


by