Следува развој на грмотевични облаци, локална појава на пороен дожд и грмежи!
Од денес (понеделник 9 јуни, па се до среда 11 јуни) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 3 до 5 степени, па така максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот 25 до 33 степени.
Сепак, атмосферата повторно нема да биде стабилна, па така во попладневните часови очекувам локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на краткотрајно невреме со појава на град.
И во делови од Скопската котлина ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачува до околу 32/33 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од појава на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
И вечерва особено во западните предели продолжуваат обилните врнежи од дожд кои локално се проследени и со појава на грмежи и силен западен и југозападен ветер во вид на локално силно невреме. Понатаму врнежите ќе се прошират насекаде во нашата Македонија. На табелата можете да ги видите вечерашните температури измерени до 19 часот во нашата Македонија како и наврнатото [...]


by