Следува облачно време во Македонија, по котлините со услови за магла, а во источните предели ќе врне снег!
Денес (24 февруари понеделник) и утре (25 февруари вторник) во Македонија ќе имаме значителна облачност, а ќе биде претежно тивко и без ветер, со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините, особено во ноќните и во утринските часови. Ќе има и локални слаби врнежи од дожд на ниските места (градовите), додека на повисоките населени места, планинини и секако на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.
Особено во источната половина од нашата Република Македонија, послаби врнежи од снег ќе има и во дел од градовите.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и без ветер, а во ноќните и во устинските часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека преку денот температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 2 степени, а преку ден таа ќе се искачи до околу, а особено утре (25 февруари вторник) и за некој степен над 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by