СЛЕДУВА НОВО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Погледнете во кои делови од државава во следните часови има најмногу услови за невреме
Почитувани мои, во следните часови поголеми услови за развој на грмотевични облаци кои ќе предизвикаат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер има околу регионот на Охрид, особено јужно од Охрид према Свети Наум, потоа во Преспанскиот регион и Битолско, Пелагониско, Прилепскиот крај, и во јужните како и во источните и во југоисточните предели од државава, особено во Валандовскиот регион.
Поради продор на поладен воздух од север и тоа на висина ќе има и појава на локално невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.
Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
На следниот линк следете ја алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by