Следува нов продор на влажен и студен воздушен бран од север – На планините снежната покривка ќе се зголеми!
Во текот на следните часови од север кон Македонија се очекува брз продор на влажна и студена воздушна маса од север која ќе услови локални врнежи од дожд на ниските места (градовите), додека на повисоките места и на планините ќе врне снег и снежната покривка таму ќе се зголеми.
Снежната граница ќе се спушти до околу 1000 метри надморска височина, а во западните и во северните предели таа би можела да се спушти и под 1000 метри, со што провејување на снег ќе има и во повисоките населени места. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.
Во Скопје и околината исто така се очекува повремен дожд, а на околните повисоки места и планини ќе врне снег. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
За време на викендот ќе имаме повторно стабилизирање на времето и повеќе сончеви периоди, а по одделни котлини и речни долини повторно ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
НАПОМЕНА: Ветерот кој се очекува од следните часови да започне во Македонија ќе допринесе за расчистуање на воздухот во загадените места и градови низ Македонија.
Што се однесува до температурите, минималните во следниот период ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. Поради продорот на постуден воздух од север, пониски температури преку ден ќе имаме утре и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by