Следува максимумот на овој топол бран од Африка, потоа ни доаѓа освежување!
Под влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ, односно од Африка кон нашата Република Македонија, од денес (среда 25 јуни) до (петок 27 јуни) ќе ни биде најтопло, односно топлиот бран ќе го достигне својот максимум кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40/41 степен во Повардарието.
Времето ќе биде сончево, стабилно и суво со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје и околината максимумот на температурата за време на максимумот на овој топол бран од Африка ќе достигне до околу 40/41 степен.
Ув индексот пак ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално невреме, додека за време на викендот следува намалување на интензитетот на овој топол бран од Африка, освежување на времето и умерен до засилен ветер од северен правец. Секако со ова ќе имаме и пад на температурите.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by