Следната седмица и до 25 степени, сепак времето ќе биде променливо и нестабилно!
Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот, и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие очекувам да се искачат до околу 25 степени.
И во Скопскиот регион во текот на следната седмица ќе имаме значително потопло време со температура која ќе надминува 20 степени. Повремено ќе засилува и ветерот од јужен и од југоисточен правец, како во Скопје и околината, така и во останатите предели од нашата Македонија.
Сепак времето ќе биде променливо облачно и не во целост стабилно, па така повремено и локално ќе има врнежи од дожд кои локално би можеле да бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Во текот на следната седмица услови за повремен локален дожд ќе има и во Скопскиот регион.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by