СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Најпогодени Охрид и Струга
Вчерашното попладне Понеделник 8 Јуни 2026 во Македонија донесе поголема дестабилизација на атмосферата и развој на конвективни облачни грмотевични јадра на повеќе места во Македонија кои беа проследени со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Најинтензивни атмосферски процеси имаше во Охридско – Струшкиот регион како и во Преспа каде имаше појава на силно невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Ова силно невреме предизвика и прекин на електричната енергија во Охрид и во Струга.

На табелата која утрово ја објави УХМР може да видиме дека во изминатите 24 часа до 8 часот утрово најмногу дожд наврна во Битола, и тоа дури 36 литри на метар квадратен дожд.
Исто така на табелата можете да ги видите и измерените минимални температури на воздухот за денешниот ден Вторник 9 Јуни по градови и места во Македонија до 8 часот утрово, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by