Силен северен ветер дува во Повардарието, заладувањето ни започнува
Попладнево особено во Повардарието и во источните предели од Македонија дува засилен до повремено силен ветер од северен правец кој е најава за спуштање на значително поладен воздух од север и кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот. Времето е ведро и сончево а во западните предели има појава на умерена локална облачност.

Најтопло денес до 17 часот беше во Гевгелија каде се измерени максимални 22 степени.
На табелата која ја објави УХМР можете да ги видите денешните максимални дневни температури на воздухот измерени до 17 часот попладнево по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by