Силен Антициклон над Македонија, ќе има многу густа магла по котлините
Под влијание на силен Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) во текот на новата седмица времето во Македонија ќе биде стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди особено на повисоките населени места и на планините, додека по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност и таа повремено во дел од котлините ќе биде густа и ќе предизвика значително намалена видливост. Токму поради ова ги советувам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила токму поради очекуваната густа магла по котлините.
Појава на магла и на ниска облачност која повремено ќе биде густа ќе има и во Скопската котлина.
Особено маглата ќе биде густа и ќе условува значително намалена видливост во утринските и во вечерните и во ноќните часови. Во местата со магла температурите преку ден ќе останат пониски.
Кога станува збор за температурите тие во текот на новата седмица ќе бидат невообичаено високи за месец декември и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени. Наутро ќе биде поладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат близу или за неколку степени под нулата. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта до околу или малку под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или за некој степен под 10 степени.
Температурите кои се очекуваат во текот на новата седмица ќе бидат повисоки од вообичаените за декември и тоа дури за повеќе од 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by