Сибирски температури и снег ја оковаа Турција: Температурите се спуштија на -15 степени!
Снегот што во април падна во подрачјето на Хафик во турската област Сивас, беше изненадување за штрковите и птиците преселници кои ја најавуваат пролетта, известува Анадолу. Штрковите, кои брзаа да ги изградат своите гнезда на куполата на џамијата Хаџи Изет Орнек, чекаа да престанат врнежите од снег.
Во подрачјето каде што температурата на воздухот се спушти до минус 15 степени, дебелината на снегот достигна приближно 10 сантиметри.
Белата покривка што го опкружи езерото Хафик ги изненади и птиците лиски, патки и дивите гуски.
Извор: АНАДОЛИЈА
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by