СЕ ПРИБЛИЖУВА НЕВРЕМЕ КОН МАКЕДОНИЈА: АЛАТКАТА НОТАС НИ ПРОГНОЗИРА НИВО 3 – ЗАСИЛЕН РИЗИК ОД ПОЈАВА НА ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ
Алатката НОТАС за рано предупредување од невреме, за до крајот на денешниот ден прогнозира ниво 3 во Македонија, а тоа значи зголемен ризик од појава на невреме на повеќе места.
Невремето ќе биде проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен.

Особено нестабилно се очекува да биде Јужно и југоисточно од Скопје, во Малешевијата, Пелагониско, и Охридско- Струшкиот регион.
Нестабилноста ќе продолжи и во текот на вечерните и ноќните часови кон утрешниот ден.
Во случај на појава на електрични празнења, апелираме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by