СЕ НАДОВРЗА И ГЛАВНИОТ ПРОГНОСТИЧКИ МОДЕЛ, ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА СРЕДНОРОЧНА ПРОГНОЗА (ECMWF): Се поизвесно е есенско-зимско сценарио кај нас од средината на месецов
Вечерва се надоврза и главниот и најажурен прогностички модел, Европскиот центар за среднорочна прогноза (ECMWF) и тоа околу можноста за есенско-зимско сценарио кај нас, но и ширум регионот како и во поголемиот дел од Европскиот Континент од средината, како и во втората половина на овој месец.

Се поизвесно е дека промената на времето ни доаѓа наредната седмица, а веќе во периодот од 15 па се до 22 Април би имале и поладно време, понекаде дури и со потпросечни температури, но и почести врнежи. Поради падот на температурите, понекаде во Европа и кај нас на Балканот би можел да се појави дури и пролетниот снег, особено секако на планинските места.
Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и нешто пониско, во зависност од тоа како би се движел ладниот воздух кој би се спуштил преку Атлантикот и од северозападот на Европа.
Состојбата и понатаму бидно ќе ја следиме, и секако навремено ќе ја информираме јавноста околу ова можно сценарио.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by