Се до 15 август (петок) Македонија ќе биде под влијание на нов топол бран!
Територијата на нашата Република Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето се до 15 август (петок) во нашата Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со појава на мала локална облачнност. Повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
И во Скопскиот регион се до 15 август (петок) времето ќе биде сончево и многу топло, а повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, тоа значи дека повторно, особено во Повардарието како и во југоисточните предели од нашата Македонијаќе имаме тропски ноќи, односно, температурите и во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопскиот регион максималната температура за време на овој топол бран од Африка ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.
Поради новиот топол бран, и многу високите температури на воздухот, апелирам без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), исто така, граѓаните ги советувам за време на овие летни горештини да пијат и повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат и 35 степени, особено во западна и во југозападна Европа. Како што претходно [...]


by