Првата половина од февруари ни носи многу поладно време, но без некои обилни снежни врнежи

Според она што можам моментално да го кажам, прогностичките материјали во моментов ни цртаат дека првата половина на февруари месец ќе го поминеме во знакот на многу поладно време, повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, повремено подолги. Исто така, повремено и локално ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд и снег, или појава на слаб снег.

И во Скопскиот регион не очекува слично време, ладно, променливо облачно и со сончеви периоди. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро насекаде ќе се спуштаат под нулата, а во делови од Македонија, особено во Беровскиот регион, повисоките места, планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри, тие ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот, исто така ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени, и тоа во најтоплите југоисточни предели од нашата Македонија.

Да напоменам, овој ладен воздушен бран, кој е релативно сув, се спушта од источните  и од североисточните предели на Европа.







Занимливости

  • 15 Јун 2026

    Денешното претпладне понеделник, 15 јуни во Македонија ни донесе во целост ведро, стабилно и вистинско топло летно време со високи температури на воздухот уште претпладнево. Нема некој изразен ветер во Македонија ова претпладне. Најтопло до 11 часот во Македонија беше во Демир Капија со измерени 30 степени. На табелата која претпладнево ја објави УХМР можете да ги видите измерените [...]