ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ ВИКЕНДОВ: Северен ветер и врнежи од дожд и снег
Променливото и релативно ладно време за самиот крај на месец март продолжува и викендов со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен а повремено и со умерен интензитет а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. На планините пак и на повисоките места со надморска височина од над 1000/1100 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен Долж Повардарието.
Во Скопје и околината викендов времето ќе биде променливо со повремено засилен ветер од северен правец и со услови за послаби локални врнежи од дожд а на околните повисоки планини врнежите ќе бидат од снег.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 3 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 14 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by