ПРОЛЕТНО ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ: Новата седмица ни носи облаци, дожд и грмежи
Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и токму оваа циклонска активност за време на споменатиот период ќе услови да имаме променливо и нестабилно време во Македонија со пролетни температури на воздухот.
Ќе имаме повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и проследени со појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец. Ветерот од југоисточен правец ќе биде најизразен во Повардарието и во првите два дена од новата седмица, односно во понеделник и во вторник (13/14 април 2026).
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо со повремен локален дожд и со услови за појава на ретки грмежи а повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец особено во понеделник и во вторник (13/14 април 2026).
Што се однесува до температурите на воздухот, тие остануваат пролетни па така наутро тие насекаде ќе бидат позитивни односно над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 22 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Понеделник 18 Мај 2026 донесе ведро и свежо време со умерена локална облачност. Температурите насекаде беа под просекот за месец Мај. Најсвежо ова утро со 2 степени беше на Попова Шапка а пак највисока минимална температура од 14 степени ова утро беше измерена во Гевгелија. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да [...]


by