ПРОЛЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Од среда (5 март) температури и до 23 степени!
Во текот на оваа седмица, односно во периодот од 3 март па се до 10 март нашата Македонија ќе биде во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој ќе условува стабилно, суво и претежно сончево време. Меѓутоа, од среда (5 март) нашата Македонија ќе подпадне под влијание на значително потопла воздушна маса од југ која ќе услови голем пораст на максималните дневни температури на воздухот, и истите ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината.
И во Скопје и околината оваа седмица ќе имаме претежно сончево и суво време.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат околу нулата, а во делови од Македонија, особено во Беровскиот регион, планиските места, Скијачките центри, како и повисоките населени места температурите наутро ќе се спуштат и за неколку степени под нулата. Преку ден пак тие, како што кажав од среда (5 март) па во деновите потоа ќе бидат пролетни, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22/23 степени.
Во Скопје наутро температурата оваа седмица ќе се спушта во интервалот помеѓу 0 и 2 степени, додека преку ден таа ќе се искачува до околу 20 степени, особено од средината на седмицава па натаму.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 48 часа до 2 часот рано утринава во најголем дел од Македонија се забележаа врнежи од дожд кои особено во јужните и во западните предели повремено беа пообилни но сепак најобилни врнежи се забележани во јужните и во југоисточните предели од Македонија па така најмногу дожд во изминатите 48 часа до 2 часот рано утринава наврна во [...]


by