Пролет во Македонија и натпросечни температури, утре 5-ти март краткотрајна промена

Територијата на Македонија во периодот кој што ни следува останува да биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релатино топла воздушна маса од југ која ќе условува  и понатаму да имаме натпросечно високи температури на воздухот. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност.

Само утре 5-ти март 2026 четврток ќе имаме повеќе облачност во Македонија  и ќе има локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има повремен снег. Тоа значи дека утре во Македонија ќе имаме краткотрајна промена на времето која краткотрајно на повеќе места ќе ни донесе врнежи со слаб до умерен и со умерен интензитет.

Исто така утре особено во Повардарието и во источните предели од Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североизападен правец.

И во Скопје  и околината во периодот кој што ни следува ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија. Само утре и во Скопскиот регион ќе има повремен локален дожд а повремено ќе дува  и засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите пак во утринските часови во делови од Македонија особено на повисоките  и на планинските места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата а преку денот тие на повеќе места ќе се искачуваат до околу или ќе надминуваат 15 степени а во Повардарието како и во југоисточните предели тие ќе се искачуваат близу 20 степени.







Занимливости