Пролет во февруари: Измерени дури 20 степени во Македонија

Денешниот ден во Македонија помина во знакот на многу променливо време а повремено дуваше засилен ветер од западен и од југозападен правец. Во западните предели имаше повремени локални послаби врнежи од дожд а на повисоките планини над 1400/1500 метри надморска височина провејуваше снег.

Сепак температурите беа над просекот за овој период од годината  и тоа поради јужното воздушно струење кои како што кажав предизвика денес да имаме високи температури на воздухот за овој период од годината.

Најтопло според  табелата на УХМР до 16 часот попладнево беше во Демир Капија  и во Кавадарци каде максималната температура денес се искачи до пролетни 20 степени.







Занимливости