Пролет во декември, температурата во Македонија достигна 17 степени
Иако веќе треба да имаме вистинска зима во Македонија и снег, сепак деновиве територијата на Македонија се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ и истиот условува да имаме стабилно сончево и натпросечно топло време за месец декември и со пролетни температури на воздухот. Сепак во дел од котлините е магливо со зголемена ниска облачност и со пониски температури на воздухот.
Овие денови ја имаме и температурната аномалија, односно високите места и планините се потопли од пониските населени места и од котлините каде е поладно поради маглата и ниската облачност.

На табелата можете да ги видите денешните максимални температури измерени до 16 часот попладнево по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР. Може да се види дека најтопло денес беше во Гевгелија со измерени 17 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by