Продор на поладен воздух од север услови да имаме пониски утрински температури
Денешното утро понеделник 9 февруари 2026 во Македонија донесе релативно пониски температури на воздухот и поладно време и тоа поради продорот на поладен воздух од север. На Попова Шапка снежната покривка изнесува над 50 сантиметри или околу 55 сантиметри снег. Исто така од југ и од југозапад во Македонија започнуваат нови врнежи кои ќе продолжат до крајот на денов и вечерва со тоа што поради понатамошното заладување на времето снежната граница ќе се спушти до околу а особено во северните и во североисточните предели и под 1000 метри надморска височина.

На табелата која ја објави УХМР утрово најладно до 7 часот беше во Демир Капија и на Попова Шапка со -3 степени а во Гевгелија во исто време се измерени 6 степени. Најмногу дожд и тоа 6 литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до 7 часот утрово наврнаа во Крушево.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски појасни дека нема причина за загриженост поради последните сеизмички настани во регионот, нагласувајќи дека станува збор за природни и долготрајни геолошки процеси. Во своја јавна објава, тој посочи дека Шар Планина и понатаму се издига, но со исклучително бавно темпо, мерливо во десетини милиметри, што е карактеристично за тектонската еволуција [...]


by