ПРОДОЛЖУВА СУШНИОТ ПЕРИОД: Во Македонија нов, но послаб топол бран!
Под влијание на топол воздух од југ, односно од Африка, но овој пат со по умерен интензитет, во текот на новата работна седмица (во периодот од понеделник 14 јули па се до петок 18 јули) продолжува сушниот период во нашата Република Македонија. Времето ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена локална облачност, а повремено ќе засилува ветерот од северен и од североисточен правец.
Само во вторник (15 јули) ќе има услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачува до околу 37/38 степени.
Наутро пак температурите исто така ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени во почетокот на новата седмица, а потоа тие повторно ќе бидат во пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени.
Ув индексот ќе има висока, до многу висока вредност и ќе изнесува помеѓу 8 и 9.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by