Преку ден следуваат невообичаено високи температури за месец Октомври!
Во Македонија и понатаму продолжува сушниот период и без врнежи. Сепак утре локално и повремено облачноста накратко ќе се зголеми и ќе има услови за сосема слаб и краткотраен дожд, по што продолжува стабилното и сончево време.
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, што значи ќе биде релативно студено, а во Малешевијата тие ќе бидат уште пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени.
Утре сеуште особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 16 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени.
Во следните денови температурите преку ден ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, шпто значи дека Мини летото и понатаму продолжува кај нас и ќе бидеме под влијание на топла воздушна маса од југ. Но како што погоре напоменавме, утрата ќе бидат релативно студени, и секако доколку наутро излегувате, задолжително со себе да си понесете потопла облека.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by