БАЛКАНОТ ЌЕ МРЗНЕ: Првото Мајско утро носи температури до -10°C
По ладниот атмосферски фронт кој се спушта директно од северот на Европскиот Континент кон Балканот и Македонија и носи врнежи од дожд и снег и снежна покривка на планините, како и силен ветер од северен и од североисточен правец а на Јадранот и силна бура, веќе во текот на ноќта кон утрешното утро 1 Мај 2026 петок следува престанок на врнежите и намалување на облачноста, но сепак ќе продолжи да дува повремено засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец кој повремено кај нас во Македонија ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Како што можете да видите на метеоролошката карта до утре наутро 1 Мај 2026 петок во најголем дел од Балканот очекувам минусни температури и појава на мраз. На високите планински места температурите утре наутро ќе се спуштат дури до околу -10 степени.
Појава на мраз ќе имаме и во Македонија утре наутро 1 Мај 2026 петок. Особено повеќе мраз ќе имаме на повисоките населени места и на планините каде температурите очекувам да се спуштат до околу па дури и под -5 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by