Пред нас повторно многу ладна ноќ – Температурите ќе паднат до, па и под -10 степени!
Оваа ноќ во нашата Република Македонија повторно ќе биде многу ладна и ведра во целост, без никаква облачност, а ќе биде тивко и без некој изразен ветер. И во Скопје и околината ќе имаме ведро, тивко и ладно време без некој изразен ветер.

До утре (четврток 20 март) наутро температурите буквално насекаде во Македонија ќе се спуштаат под нулата, односно, тие ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени, па така поради ова повторно ќе има појава на умерени до јаки мразеви во Македонија. Да напоменам, дека на високите места, планините, како и на Скијачките центри, температурите повторно ќе се спуштат и под -10 степени.
Во Скопје до утре (четврток 20 март) наутро, температура ќе се спушти до околу -5/-6 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by