Поради фронтална долина, во Македонија следува променливо и нестабилно време!
Под влијание на плитка фронтална долина со поладен воздух на висина која се наоѓа над територијата на југоисточна Европа, од денес (понеделник 19 мај) па се до (недела 25 мај) во нашата Република Македонија следува период на променливо облачно и топло време, но без летни температури на воздухот и без некое големо затоплување на времето, како што доликува за втората половина на мај.
Локално, од пладневните часови ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра, од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не ја исклучувам можноста и за локална појава на краткотрајно невреме.
И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период во попладневните часови повремено ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра, проследени со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер во зоната на нестабилност, но и услови за краткотрајно невреме во делови од Скопската котлина.
Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 25 степени. Како што веќе кажав, Африканските топли бранови кои требаше веќе да се започнати, ги оставаме на долго чекање, поради тоа што на повидок такво нешто нема, најмалку до 3 јуни.
На следниот линк можете д ја следите алатката за рано предупредување на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден 28 април 2026 вторник во Македонија помина во знакот на вистински пролетен ден со високи пролетни температури на воздухот. Времето беше претежно стабилно, суво и сончево со попладневно локално зголемување на облачноста особено во југозападните предели каде имаше појава на локален краткотраен дожд особено во планинските предели. Најтопло денес до 17 часот беше на Скопје Петровец каде [...]


by