Попладнево насекаде во Македонија имаме екстремно топло време!

Попладнево во нашата Република Македонија имаме сончево и повторно екстремно топло време насекаде, а особено во планинските предели има  и појава на мала локална облачност. Повремено засилува фенски ветер претежно од југозападен и од западен правец, особено во западните предели од нашата Македонија.

Инаку, територијата на нашата Република Македонија се наоѓа под влијание на екстремно топол бран кој продира од југ, односно од Африка, и истиот насекаде условува да имаме екстремно топло време со екстремно високи температури на воздухот.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени попладнево во нашата Македонија. Може да се види дека попладнево најтопло е во Гевгелија со измерени 41 степен.







Занимливости