Понеделник 11 Мај: Сахарска прашина, мачнина и спарина во Македонија
Денешното претпладне 11 Мај 2026 Понеделник во Македонија ни донесе мачно време а веќе започнува и спарината а и ветерот од западен правец кој претходно беше најавен од моја страна. Времето е променливо облачно со сончеви периоди.
Најтопло ова претпладне е на Скопје Петровец со измерени 22 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури во Македонија ова претпладне.
Инаку може да се види дека денес атмосферата над Македонија е доста заматена и нечиста поради поголемиот транспорт на прашина и на песок кој од Сахара кон Македонија се врши денес 11 Мај 2026 Понеделник а транспортот на истата ќе продолжи и утре 12 Мај 2026 Вторник.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by