Вторник 12 Мај 2026 ни носи силен западен ветер (над 75 км/час) и невреме
Денот Вторник 12 Мај 2026 во Македонија повторно ќе ни биде топол, многу мачен и спарен а во атмосферата над Македонија повторно ќе ни биде присутно поголемо количество на Сахарска прашина и на песок па затоа и атмосферата и поматаму ќе ни биде многу заматена и нечиста.
Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди а ќе дува и засилен до силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 75 км/час. Во попладневните часови локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и силен западен ветер. Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси и појава на невреме проследено со електрични празнења и со услови за појава на град.
Во Скопје и околината исто така денот Вторник 12 Мај 2026 ни носи умерено облачно време со сончеви периоди и со засилен до повремено силен ветер од западен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со силен западен ветер.
Температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени додека на повеќето места во Македонија тие ќе надминат и 25 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до околу 30 степени. И во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи близу 30 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by