ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ НИ ПРИСТИГНУВА МНОГУ ПОРАНО ОД ОЧЕКУВАНОТО: Во Алпскиот регион ќе падне над 1 метар снег, првиот снег го очекуваме и на Балканот
Почитувани, поларниот вртлог ни пристигнува многу порано од очекуваното. Нагла промена на времето не очекува уште од утре (понеделник 9.9.2024). Покрај обилните дождови и поплави кои го очекуваат регионот во текот на седмицата која е пред нас, во Алпскиот регион ќе падне и првиот сериозен снег за оваа сезона, токму таму се очекува локално да наврне и над 100 cм снег.
Поради спуштање на многу поладен воздух од север према Балканскиот Полуостров и Македонија, во вториот дел од седмицата која е пред нас, го очекуваме и првиот снег за оваа сезона на високите планини. Особено обилен снег на планините ќе падне во Словенија.
Кај нас во Македонија исто така поради очекуваните обилни врнежи, можни се локални поплавувања.
За време на следниот викенд ќе биде особено студено и со невообичаено ниски температури за месец септември. Тогаш максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени.
За време на следниот викенд, не се исклучува можноста и за појава на првиот утрински мраз во регионот за оваа сезона, особено на планинските места.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]