Покрај топлиот бран од Африка, денес попладне и за време на викендот во западните предели од Македонија можно е невреме!
Најновите анализи кој ние ги направивме укажуваат на тоа дека во следните десет денови, па и повеќе територијата на Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Африка, и истата ќе донесе високи температури на воздухот, како и висок Ув индекс.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, а максималните дневни температури ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8 ). Апелираме во следните денови и покрај тоа што не се очекуваат некои екстремно високи температури на воздухот, сепак без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да се пијат повеќе течности, и тоа поради високиот Ув индекс.
- Да напоменеме дека денес, како и за време на викендот во попладневните часови и тоа особено во западните предели ќе има изолиран развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Можна е појава и на краткотрајно невреме проследено со олуен ветер, електрични празнења, пороен дожд и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен, апелираме на внимателност.
Инаку и во регионот денес, како и за време на викендот се очекуваа локални времени непогоди, особено во западна Србија, Црна Гора, Косово и веќе најавивме и ги напоменавме западните предели од Македонија.
Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и топло време со аксимални температури кои поради топлиот Африкански бран ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Со продорот на значително полaден воздух од север кој ќе пристигне се до југот односно до Јонско море и јужен Јадран ќе дојде до формирање на секундарен циклон кој од ноќва и на ден недела 1 Февруари ќе ни донесе нов снег на повисоките населени места, планините и на Скијачките центри и нова снежна покривка со висина од 10 [...]

by