Зимски циклон со центар над Јонско море и јужен Јадран ни носи снег
Со продорот на значително полaден воздух од север кој ќе пристигне се до југот односно до Јонско море и јужен Јадран ќе дојде до формирање на секундарен циклон кој од ноќва и на ден недела 1 Февруари ќе ни донесе нов снег на повисоките населени места, планините и на Скијачките центри и нова снежна покривка со висина од 10 до 15 сантиметри а може и повеќе.
Со овој зимски циклон снег очекувам и во дел од градовите особено во западните и во северните предели од Македонија со можност за формирање на мала снежна покривка.

Во Скопје ќе врне претежно дожд или повремено дожд и снег без очекување на некоја снежна покривка, освен во повисоките делови од котлината и на околните планини каде може да дојде до формирање на помала снежна покривка.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро недела 19 април 2026 во Македонија ни донесе ведро и поладно време а ветерот од северен правец кој го имавме до вчера, утринава значително ја намали својата брзина. Најладно ова утро е во Берово каде температурата се спушти на 0 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.


by