Почетокот на следната седмица повторно ни носи врнежи, на планините снег
Почетокот на следната седмица, односно (понеделник и вторник 23/24 март 2026) повторно во Македонија ни носи повеќе облачност и локални послаби врнежи од дожд а особено во вторник 24 март 2026 повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. На планините пак над 1500/1600 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег.
Во Скопје и околината пак исто така во погоре споменатиот период повторно ќе има повеќе облаци со услови за слаб локален дожд а особено во вторник на 24 март 2026 ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 3 и 4 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 14 и 15 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by