Почетокот на следната седмица ни носи нагло заладување, силен ветер и снег

Под влијание на циклонска активност која постојано се обновува  и е со центар над Џеновскиот залив и истата е многу интензивна односно станува збор за длабок циклонски систем, а во исто време од север ќе се спушта многу поладен воздух кој ќе предизвика нагло заладување на времето во понеделник и во вторник 16/17 февруари.

Во ваква ситуација ќе имаме пообилни врнежи особено во вторник на 17 февруари проследени со силен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 65 км/час  и ќе услови врнежите од дожд освен на планинските  и повисоките места да преминат во снег  и во повеќето пониски места (градови).

Снежната покривка на планинските места  и на Скијачките центри ќе се зголеми и ќе се прошири а помала снежна покривка ќе се формира  и во дел од пониските места (градовите) особено во вторник 17 февруари.







Занимливости