ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕДМИЦА НОСИ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО ЗАПАДНА И ЈУГОЗАПАДНА ЕВРОПА: Се очекуваат температури и до 45 степени
Почетокот на новата седмица носи краткотраен, но силен и екстремно топол бран во западна и во југозападна европа, па така особено во Шпанија и во Португалија температурите се очекува да се искачат и над 40 степени, додека понекаде тие ќе се искачат дури и во интервалот помеѓу 43 и 45 степени.

Овие температури се далеку над просекот за крајот на месец јули, но сепак како што кажав и претходно, овој екстремно топол бран во овие предели од европа ќе биде краткотраен, и веќе на самиот почеток на август се очекува поголем пад на температурите, како и нестабилно време.
Што се однесува до временската состојба во Македонија, продолжува сушниот и топол период и во текот на новата работна седмица, но со тоа што во почетокот на седмицата повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by