ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ ПРОЛЕТНО ТОПЛО ВРЕМЕ: Очекуваме повеќе сонце, но попладнето ќе има и изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Почетокот на новата седмица, односно утре и во вторник ќе имаме сончево и пролетно топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.
Сепак во попладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме претежно сончево и топло време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Особено во вторник во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурата, таа ќе се искачи до околу 26 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by