По краткиот престанок на врнежите – Во текот на претстојната ноќ и утре нов поголем влажен бран од југ ни носи нови пообилни врнежи од дожд, дожд ќе има и во Скопје

По денешниот претежно стабилен и сув ден, во текот на претстојната ноќ и утре територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов поголем влажен воздушен бран од југ, и истиот ќе услови нови пообилни врнежи од дожд на повеќе места низ Македонија. Провејување на снег ќе има само на највисоките планински места.

Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).  Особено Долж Повардарието повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец.

Во Скопје  и околината исто така утре очекуваме нови врнежи од дожд, додека денешниот ден ќе биде претежно стабилен и сув.

Што се однесува до температурите, максималните дневни денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, а утре тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 17 степени, додека утре таа ќе биде нешто пониска  и ќе се искачи до околу 14 степени.







Занимливости

  • 18 Апр 2026

    Попладнево 18 април 2026 сабота во Македонија времето е променливо облачно со сончеви периоди а повремено дува засилен ветер од северен правец кој е најизразен во Повардарието. Во југоисточните предели во текот на попладнево имаше појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најтопло попладнево до 14 часот беше во Гевгелија каде на мерната станица на [...]