Петок 8 Мај 2026 ни носи пообилни врнежи, грмежи и можност за невреме
Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од Медитеранот на ден 8 Мај 2026 Петок во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и очекувам да наврнат над 15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Локално пак ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме проследено со електрични празнења и со услови за појава на град.
Во Скопје и околината исто така денот Петок 8 Мај 2026 носи облачно и врнежливо време а во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени а во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.
Да напоменам дека поради поизразеното јужно воздушно струење, од Сахара кон територијата на Македонија се врши транспорт на прашина и на песок па токму поради ова Атмосферата ќе биде заматена и нечиста а дождот кој го очекувам ќе биде валкан и помешан со Сахарската прашина и песок.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Западна и југозападна Европа во периодот од недела (21 јуни) па најмалку се до среда (24 јуни) ќе биде на удар на екстремно топол бран од Африка кој ќе услови навистина да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места ќе се искачат и ќе надминат 40 степени, во делови од Шпанија и Франција температурите ќе се [...]


by