Петок ( 2 Јануари) ни носи снег и снежна покривка во западните предели
Под влијание на почеток на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, односно некаде над Џенова но и на ладна воздушна маса која ни е присутна од север во петок (2 Јануари) особено во западните предели ќе имаме врнежи од дожд и од снег на пониските места (градовите) додека на повисоките населени места и на планините ќе има врнежи само од снег и таму ќе се формира снежна покривка од над 15 сантиметри. Повремено врнежи од влажен снег ќе има и во дел од градовите во западните предели во петок на 2 Јануари.
Повремени врнежи од дожд или од дожд и од снег ќе има и во Скопје и околината во петок на 2 Јануари.
Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Наутро температурите во петок на 2 Јануари во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени а на повисоките населени места и на планините температурата повторно може да се спушти и под -10 степени. Во Скопје и околината во петок на 2 Јануари наутро температурата ќе се спушти до околу -5/-6 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 3/4 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by