Овој викенд температури до 37 степени – Сепак, во попладневните часови да не ве изненади изолирана појава на градоносни облаци
Под влијание на многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон нашата територија, за време на овој викенд ќе имаме многу топло време со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36-37 степени. Во Скопје максималната дневна температура на воздухот овој викенд ќе се искачи до околу 34 степени.

Сепак атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така во попладневните часови ќе има изолирана појава на конвективна облачност која би дала пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.
Се на се почитувани, останува да уживате во вистинското лето овој викенд, но да не ве изненади како што погоре кажавме некој конвективен облак кој би условил пороен дожд и грмежи. Ув индексот овој викенд ќе биде многу висок и ќе има коефициент 8.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by