ОВОЈ ВИКЕНД НАЈСТУДЕНО ДОСЕГА ОВАА ЗИМА: Температурите паѓаат и до околу -15 степени!
Овој викенд на Балканот, но и во Македонија ќе биде најстуден досега оваа зима. Ширум Балканот температурите ќе се спуштат и до околу -15 степени во утринските часови. Во Македонија исто така тие ќе се спуштат и под -10 степени.
Студено ќе биде и преку ден, па така максималните дневни температури на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а тие понекаде ќе останат и негативни.
Сепак времето ќе биде стабилно и суво без врнежи. Со оглед на очекуваните температури, наутро очекуваме појава на силен мраз.
Ви посакуваме прекрасен викенд каде и да сте почитувани граѓани! И секако, облекувајте се убаво со оглед на тоа дека ќе имаме многу студен викенд.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Со продорот на значително полaден воздух од север кој ќе пристигне се до југот односно до Јонско море и јужен Јадран ќе дојде до формирање на секундарен циклон кој од ноќва и на ден недела 1 Февруари ќе ни донесе нов снег на повисоките населени места, планините и на Скијачките центри и нова снежна покривка со висина од 10 [...]

by