ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМАМЕ ПРОДОЛЖЕНО ЛЕТО: Високите температури продолжуваат и во првата половина од септември месец
Почитувани, според она што може да се види на прогностичките карти, оваа година ќе имаме продолжено лето во Македонија, тоа значи дека и во првата половина од месец септември ќе имаме релативно високи температури на воздухот кои ќе бидат над просекот за првата половина на септември. Тие би се искачувале некаде во интервалот од 27 до 35 степени, што значи дека и понатаму ќе биде идеално за одење на плажа.
Сепак, и покрај ова, повремено во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира и ќе се создаваат услови за развој на грмотевични облаци, кои би условувале појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Продолжено лето оваа година ќе има и во останатите предели од Балканот, што значи насекаде ќе биде натпросечно топло со високи температури на воздухот.
Оние граѓани кои планираат одмор во првата половина од септември, слободно можат да го направат тоа, поради тоа што насекаде во регионот температурите ќе бидат релативно високи и над просекот за првата половина на септември.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]