Опасност од нови поплави: Во Македонија доаѓа нов Џеновски циклон
На врнежите во Македонија им нема никаков крај, тоа значи дека кај нас и понатаму продолжува многу променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините а повремено врнежите во следниот период повторно ќе бидат многу обилни и поројни па така до крајот на седмицава во Македонија повторно постои опасност од нови излевања на реките и нови поплавувања.
Територијата на Македонија до крајот на седмицава ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и истата веќе од среда навечер 4 февруари па во деновите потоа ќе услови да имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. На планините пак над 1400/1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.
Локално за време на овој период повторно ќе наврне доста големо количество на воден талог и тоа над 60 литри дожд на метар квадратен.
И во Скопје и околината во споменатиот период ќе имаме врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Температурите пак ќе бидат во пораст како наутро така и преку ден и наутро насекаде ќе бидат позитивни односно над нулата додека преку денот тие ќе се искачуваат во најголем дел од Македонија до околу 10 степени а локално тие ќе надминуваат и 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by