Од вторник (6 мај) повторно создавање на грмотевични облаци!
Од вторник (6 мај) територијата на југоисточна Европа, секако вклучувајќи ја и нашата Република Македонија ќе подпадне под влијание на плитка фронтална долина или висински циклон. Во ваква ситуација очекувам постепено дестабилизирање на атмосферата кај нас и создавање и растење на условите за локален развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално пак, атмосферските процеси може да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие остануваат рано – летни, односно ќе биде умерено топло и температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, со исклучок на местата со поголема надморска височина. Во Повардарието пак температурите локално ќе се искачат и до 30 степени.
Сепак, подетална и официјална метео анализа околу оваа нова метеоролошка промена следува во моите следни метео објави.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by