Од вторник (23 декември) промена на времето и врнежи од дожд и од снег
Од вторник попладне (23 декември) во Македонија и тоа по подолгиот период на стабилно, суво и натпросечно топло време за декември со максимални дневни температури кои беа над просекот следува поголема промена на временската состојба. Ќе бидеме под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот па така во ваква ситуација времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Во исто време ќе бидеме под влијание и на поладен воздух од север па така на планините над 1300/1400 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег па така очекувам почеток на формирање на снежна покривка.
И во Скопје и околината од вторник попладне (23 декември) слкедува промена на временската состојба со зголемена облачност и со појава на повремен локален дожд. На околните планини повремено ќе врне снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 7 и 9 степени. Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Вторник 19 Мај 2026 во Македонија ни донесе тмурно, облачно и посвежо време на повеќето месата со температури кои се под просекот за месец Мај. Во западните и во југозападните предели уште од утрово имаше локални врнежи од дожд. Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Охрид и тоа 4 литри на [...]


by