Од вторник (17 јуни) во Македонија појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер!
Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник (17 јуни) во нашата Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, од кои очекувам појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Во ваква ситуација, можна е и локална појава на град.
Што се однесува до времето во Скопскиот регион, исто така, од вторник (17 јуни) во попладневните часови можна е појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно пријатни и не премногу високи, па тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината температурата во следниот период ќе се искачува во интервалот помеѓу 33 и 35 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by