Од утре попладне (вторник 23 декември) доаѓаат дождови и снегови
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитаранот кои ќе бидат во склоп со продор на поладен воздух од север од утре попладне (вторник 23 декември) па во деновите потоа во Македонија времето ќе биде претежно облачно и релативно ладно со повремени локални врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат пообилни. На планините пак над 1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и очекувам формирање на снежна покривка.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Токму ова ќе услови намалување на маглата и на загаденоста по котлините.
Во Скопје и околината од утре попладне (вторник 23 декември) па во деновите потоа времето ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд а на околните планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта до околу 1/2 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 7 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by